вторник, 21. август 2018. Вести денес: 66
home Храна и пијалаци

Не смеете да замрзнувате веќе одмрзнат сладолед: Прочитајте зошто е опасно тоа и внимавајте во иднина!

Не смеете да замрзнувате веќе одмрзнат сладолед: Прочитајте зошто е опасно тоа и внимавајте во иднина!

Лето е, а кога е топло, нема ништо поубаво од тоа да се разладите со вкусен сладолед. Сепак, и од него демне опасност, особено ако не го чувате правилно.

Најлошото нешто што може да го направите со сладоледот е откако ќе се стопи, повторно да го смрзнете. Можеби не гледате ништо лошо во тоа, но ако постапите така, тогаш ризикувате сериозно да се затруете.

Од стопен па повторно смрзнат сладолед демне опасноста од зараза со листерија, која предизвикува листериоза. Оваа болест го напаѓа мозокот и може да предизвика застој на срцето.

Луѓето најчесто се заразуваат преку бактериолошки неисправни млечни производи, свежиот зеленчук и термички недоволно обработено месо.

Листеријата може да преживее дури и во фрижидер и не само тоа, туку и да се размножи во големи количини. Оваа бактерија преживува на температури меѓу 0 и 45°С, што е широк распон.

Со правилно готвење на храната и миење на овошјето и зеленчукот, се уништува и оваа бактерија. Храната која не е изладена во фрижидер или онаа која пребавно се ладела, е изложена на зголемен ризик од размножување на листеријата.

Стопената содржина од сладоледот е идеална за развој на листерија, бидејќи содржи млеко, јајца, шеќер и други состојки со кои се храни бактеријата.

Токму поради тоа, потребно е да извадите количина што можете да ја изедете, а остатокот веднаш да го вратите во замрзнувачот. Ова особено важи доколку правите домашен сладолед.

Кои други продукти може да бидат ризични?

Листериозата демне од сладоледи, свежи зеленчуци, сувомеснати производи, лошо зготвено пилешко, сирово месо и сирова или чадена риба, па затоа е важно сите типови на храна правилно да ги одржувате, чувате и подготвувате.

Симптоми на листериоза

Првите симптоми на листериозата се слични како настинка. Се појавуваат кивање, кашлање, мускулна слабост и покачена телесна температура. Кратко потоа почнуваат и стомачните тегоби.

Во најтешките случаи може да се појават симптоми на менингитис или сепса, а кај трудниците постои опасност да дојде до спонтан абортус или предвремено породување.

Ако имате сомнителни симптоми, веднаш одете кај вашиот лекар, дури и ако сте сигурни дека добро сте го измиле зеленчукот или дека сладоледот што го јадевте беше безбеден.

ЦрноБело