вторник, 21. август 2018. Вести денес: 115
home Храна и пијалаци

Не се чуваат тука: Сигурно и вие ја правите оваа грешка со јајцата дома

Не се чуваат тука: Сигурно и вие ја правите оваа грешка со јајцата дома

Иако поголемиот број ладилници во вратите поседуваат дел наменет за чување јајца, експертите откриваат дека не треба тие да стојат тука.

За јајцата да останат свежи и исправни за јадење, домаќинките уште одамна ги чувале во посебен дел од врата на ладилниците. Сепак, тоа може да биде голема грешка.

Вратата се смета за најтоплиот дел од фрижидерот, поради што постои можност јајцата бргу да се расипат, за разлика, доколку би ги ставиле во внатрешноста.

Освен тоа, експертите од областа на здравјето тврдат дека вратата на ладилникот е подложна на постојани промени на температурата поради честото отворање и затворање.

Слично мислење има и докторот Стјуарт Фаримонд кој смета дека за некои јадења, јајцата треба да се држат на собна температура.

-Вибрациите кои настануваат при ударите на вратата ја дестабилизираат белката, поради што може да се уништи некое јајце. Додека за готвени јајца можете да користите јајца од ладилник, за пржени би требало да бидат на собна температура, објаснува Фаримонд.

Сепак, неговата препорака се коси со условите во поглед на здравствената исправност кои јајцата мораат да ја поседуваат,па вели дека за време на топлите денови јајцата мораат да се чуваат во ладилникот. Единствено можеме да се направи компромис и да се чуваат на полиците, а не на вратите.