петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Храна и пијалаци

Не е само кафето: Ќе се изненадите кои други производи содржат кофеин, често ги користите

Не е само кафето: Ќе се изненадите кои други производи содржат кофеин, често ги користите

Кофеинот е застапен во многу други производи, не само во вашето кафе. Дознајте ги скриените извори на кофеин, почнувајќи од протеинските чоколади до житарките.

Што треба да знаете за кофеинот?

Доколку пиете кафе по 17 часот постои веројатност да бидете нервозни и вознемирени во текот на  ноќта. Кафето, чајот и газираните пијалаци се очигледен извори на кофеин. Но, дали знаевте дека и протеинското чоколадо содржи кофеин?

Постојат многу неочекувани и скриени извори на кофеин во храната и пијалоците со кои можеби не сте запознати. Важно е да сте свесни за сите извори на кофеин. Препораки на докторите се дека возрасните не треба да внесуваат повеќе од 400 милграми кофеин на ден.

Докторите велат дека некои луѓе можат да имаат несакани реакции при консумирање на поголема количина кофеин. Може да имаат проблеми со спиењето, вознемиреност или дијареа.

Бремените жени треба да бидат многу повнимателни при внесувањето на кофеин. Тие треба да внесуваат помалку од 200 милиграми дневно.

Споделуваме со вас 8 скриени извори на кофеин, со цел да ја следите количината на кофеин која ја внесувате на дневно ниво.

1. Протеински чоколади

Звучи неверојатно оваа храна да содржи кофеин, нели? Сепак тоа не треба да ве изненадува, особено ако чоколадата е со вкус на кафе. Некој од нив содржат дури 55 милиграми кофеин. Овој кофеин потекнува од мешавина од екстракт од кафе, какао и хербалниот екстракт. Некои протеински чоколади содржат многу помалку кофеин. Тие не содржат кафе, но имаат за цел да обезбедат енергија преку екстрактот од зрно кафе кои го содржат. Оваа состојка содржи 4 милиграми кофеин. Иако ова не е многу, избегнувајте внесување на енергетски чоколади пред спиење, советуваат докторите.

2. Комбуха

Логично е комбухата, која е базирана на чај, да содржи кофеин. Комбуха се подготвува од црн или зелен чај, а овие чаеви природно содржат кофеин. Просечната комбуха содржи околу 45 милиграми кофеин. Комбухата е позната по придобивките за здравјето на цревата, но многу луѓе не се информирани дека популарниот пијалак содржи кофеин колку една шолја зелен чај.

3. Чоколадни десерти

Да, чоколадото содржи кофеин. Кофеинот природно е содржан во зрната какао. Кога зрното какао се меле за да се направи чоколадо, таа смеса содржи путер од какао и цврсти какао делови. Едно темно чоколадо обезбедува околу 20 милиграми кофеин. Иако темното чоколадо има повеќе здравствени придобивки од другите видови чоколада, можеби подобро е да внесувате млечно чоколадо ( кое содржи само 6 милиграми кофеин) или бело чоколадо (со помалку од 2 милиграми кофеин) доколку се обидувате да ја намалите дневната количина на внес на кофеин. Кофеинот се наоѓа само во цврстите материи од какао, но не и во какао путерот кој го содржи белото чоколадо.

Десертите подготвени со чоколадо или со какао во прав содржат кофеин. Тука е вклучен и чоколадниот пудинг. Колку е потемна бојата на пудингот, толку повеќе кофеин тоа содржи, бидејќи има повеќе какао во прав.

4. Безкофеинско кафе

Луѓето се изненадени кога дознаваат дека безкофеинското кафе содржи кофеин.Бескофеинското кафе содржи кофеин бидејќи методите кои се користат да се извлече кофеинот од зрното кафе не се целосно ефикасни и сепак останува дел од кофеинот.  Содржината на кофеин во ова кафе е променлива. На пример, некој кафиња имаат 25 милиграми кофеин.

5. Сладолед

Овој популарен десерт може да содржи кофеин. Сладоледот со чоколадо и кафе, може да содржи кофеин затоа што е направен од состојки што содржат кофеин. Некои производители на сладолед наведуваат дека нивото на кофеин во сладоледот (порција 2/3 чаша) или парчињата чоколадо во сладоледот содржат околу 35 милиграми кофеин.

Сладоледот со вкус на кафе не е единствениот вкус на сладолед кој содржи кофеин. И другите вкусови што содржат чоколадо и какао, исто така, содржат кофеин. Сладоледот со чоколадо содржи помалку кофеин од сладоледот со кафе, сепак со претварањето на чоколадото во сладолед, односно додавањето на млеко, павлака и шеќер, се намалува содржината на кофеин.

6. Енергетски пијалаци

Речиси сите енергетски пијалаци содржат кофеин. Во лименка енергетски пијалак има 70 милиграми кофеин. Ова дефинитивно може да изненади некој кој редовно пие вакви напитоци. Кофеинот се добива од екстракт од овошје, кафе и екстракт од бел чај. Тоа е еднакво на шолја кафе.

7. Житарки

Логично е житарките со вкус на чоколадо да содржи и кофеин. Иако брендовите не ја наведуваат количината на кофеин што ја внесувате преку 1 порција, количината на кофеин е висока. Житарките што содржат кофеин се барани од луѓе кои сакаат да обезбедат енергетско засилување но не им се допаѓа вкусот на кафето.

Коронавирус