петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 164
home Храна и пијалаци

Научниците за ползата од нормалното консумирање кафе

Научниците за ползата од нормалното консумирање кафе

Редовното консумирање кафе во нормални количества може да го намали ризикот од редица болести, покажуваат податоците објавени на интернет страницата на Американското здружение на гастроентеролози.

Експертите од Медицинскиот колеџ Бејлор спровеле истражување со коешто биле опфатени 34 лица, од кои биле земени 97 биопсии од слузницата од различни сегменти на дебелото црево. Потоа ја споредиле распространетоста на разни бактерии во цревата кај испитаниците со висок (над 82,9 милиграми) и низок внес на кофеин

Се покажало дека првата група имала повеќе од „добрите“ антиинфламаторни бактерии Faecalibacterium и Roseburia, а помалку од штетните Erysipelatoclostridium.

Како што истакнуваат истражувачите, ваквиот сотав и структурата на цревната микрофлора игра важан улога во намалувањето на ризокот од кариоваскуларните заболувања, дијабетесот и заболувањата на црниот дроб.