четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 190
home Храна и пијалаци

НАПРАВЕТЕ ВКУСНИ КРОКЕТИ ОД КОМПИРИ: Се топат во устата!

НАПРАВЕТЕ ВКУСНИ КРОКЕТИ ОД КОМПИРИ: Се топат во устата!

Тајната е во сирењето. Измешајте го пирето од компири со сирење, а потоа тркалајте во презла.

Состојки:

600 гр компири
200 гр сирење
1 јајце
10 гр путер
100 гр брашно
16 g прашок за пециво

За поховање:

2 јајца
презла

Подготовка:

Компирите сварете ги, па испасирајте ги. Додадете путер, брашно, прашок за пециво, јајце, сол, бибер и рендано сирење.

Сè добро измешајте. Оставете во фрижидер 2 часа да се стегне. Од добиената смеса формирајте крокети кои ги валкате во изматени јајца, а потоа во презла. Се пржат на загреано масло на умерена температура.

Коронавирус