петок, 18. септември 2020. Вести денес: 67
home Храна и пијалаци

Направете си го сами: Овој неверојатен чај лечи многу болести

Направете си го сами: Овој неверојатен чај лечи многу болести

Овој неверојатен чај, кој лечи и спречува многу болести можете да го подготвите од само пет состојки.

Главната состојка е куркумата, која има важна улога во детоксикацијата на организмот, делува против воспалителните процеси и го забавува процесот на стареење. Куркумата има позитивен ефект кај деменцијата и карциномот.

Во овој чај се додава и кардамом, зачин кој потекнува од Блискиот Исток, а неговите лековите својства се надалеку познати. Тој се користи во народната медицина за лекување на воспаленија на грлото и белите дробови, како лек за дигестивните нарушувања, но и како лек за камења во бубрезите и жолчката.

Со овој чај се лекуваат мачнините и другите стомачни потешкотии.

Ова се само некои од потенцијалните придобивки од овој чај, а се верува и дека може да се користи и за лекување на дури 50 различни здравствени проблеми.

Потребни состојки:

  • половина лажица ѓумбир
  • половина лажица цимет
  • 1/6 лажица куркума
  • прстофат кардамон
  • 500 мл вода
  • 1 лажица мед

Приготвување: 

Во 500 милилитри зовриена вода додадете ѓумбир и цимет. Потоа додадете ги и куркумата и кардамомот и добро измешајте. Оставете да врие 5 до 10 минути,

Оставете го чајот да се олади 10 минути, а потоа процедете го и засладете го со мед.

Коронавирус