среда, 19. септември 2018. Вести денес: 170
home Храна и пијалаци

Напиток кој го подобрува расположението

Напиток кој го подобрува расположението

Едно големо научно истражување покажа дека куркумата може да излекува лице со тешка депресија, без никакви негативни појави.

Куркумата лекува депресија благодарение на посебната состојка наречена куркумин, за која е докажано дека е поефикасна од флуоксетинот кој се наоѓа во лековите против депресија.

Направете лимонада од куркума која ќе го подобри вашето расположение

Рецепт за 4 лица:

4 шолјички ладна вода

2 лажици свежо рендана куркума или куркума во прав

4 лажици стопроцентен јаворов сируп, мед или стевија доколку го избегнувате шеќерот

1 лимон или лимета

сок од еден портокал

Помешајте ги сите состојки во сад, промешајте и послужете со кришка лимон.

Лековитото дејство на куркумата:

– Содржи природни антивоспалителни, антиоксидансни и антивирусни својства

– Го зголемува имунитетот и ја подобрува апсорцијата на есенцијални нутриенти

– Се користи во многу детокс рецепти бидејќи ги апсорбира хранливите материи и ги намалува калориите

– Може да се консумира на дневна база и добро се сложува со било кој друг вид на храна

Исто така, добрата страна на овој рецепт е фактот дека не морате да трошите многу пари на лекови, бидејќи лекот можете да го подготвите сами дома.