четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Храна и пијалаци

Најздравите луѓе на светот се колнат во моќта на оваа житарка: Го штити срцето, ги чисти БУБРЕЗИТЕ и им помага на дијабетичарите

Најздравите луѓе на светот се колнат во моќта на оваа житарка: Го штити срцето, ги чисти БУБРЕЗИТЕ и им помага на дијабетичарите

Оваа житарка не содржи глутен

Житариците се многу важни за организмот бидејќи придонесуваат за правилно функционирање на цревата и дигестивниот систем, а содржат и важни влакна.

Тука спаѓа и просото, кое многу лесно се вари и лесно се подготвува.

Станува збор за вид на зрно кое е тркалезно, многу ситно и на некои места малку сплескано. Има жолто-бела боја и сладок вкус. Пред конзумирање, потребно е да се отстрани лушпата со која е обвиткано просото.

Ова е една од ретките житарки што не содржи глутен, што е одлична опција за оние кои се алергични на оваа супстанца. Содржи многу витамини и минерали како калциум, калиум, јод, магнезиум, витамини А, Е и Б, но и железо, што го прави просото одлична опција за оние кои боледуваат од анемија, но и оние кои сакаат да му обезбедат витамини и минерали на своето тело.

Просото содржи и клучни аминокиселини кои помагаат во изградбата и обновата на мускулите и клетките на кожата. Богато е и со јаглехидрати кои полека се варат, па брзо ни дава чувство на ситост и помага во процесот на слабеење. Оваа житарка содржи и природни масти, кои се клучни за апсорпцијата на витамините, вклучувајќи ги каротенот и витаминот Д.

Просото е добар избор на храна и за дијабетичарите бидејќи содржи јаглехидрати. Кардиолозите го препорачуваат како храна што треба да се јаде што почесто, бидејќи е полно со калиум, кој помага во борбата против срцевите заболувања, го нормализира крвниот притисок и ги зајакнува крвните садови.

Исто така е една од подобрите намирници за чистење на бубрезите, а позитивно делува и на уринарните инфекции бидејќи го поттикнува излачувањето на урина и течност.

Коронавирус