петок, 24. септември 2021. Вести денес: 133
home Храна и пијалаци

Најсочниот и најсовршениот десерт што некогаш ќе го пробате, чоколаден колач со џем

Најсочниот и најсовршениот десерт што некогаш ќе го пробате, чоколаден колач со џем

Овој колач е идеален за сите љубители на чоколадо, бидејќи можете да ја почуствувате душата на овој колач.

Се прави толку лесно и брзо што често ќе ви биде на менито.

Доколку додадете и џем во овој колач ќе биде комбинација која нема да ве остави рамнодушни.

Состојки:

5 јајца

прстофат сол

кесичка ванилин шеќер

150 гр шеќер

150 мл масло

250 мл јогурт

250 гр брашно

20 гр какао

1 лажичка прашок за пециво

2 лажици џем

120 гр чоколадо за готвење

4 лажици масло

Подготовка:

Додадете малку сол на јајцата. Промешајте со миксер неколку минути, а потоа постепено додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Матете 5 минути. Постепено додавајте јогурт и масло, мешајќи постојано.

Во сад измешајте ги просејаното брашно, какаото и прашокот за пециво. Откако ќе ја намалите брзината на миксерот, додадете ги брашното и прашокот за пециво. Мешајте додека смесата не стане мазна и без грутки.

Премачкајте еден плех (35 × 20 см) со масло и посипете со какао или брашно. Загрејте ја рерната на 200 степени, а потоа печете на 180 степени околу 20-30 минути.

Користете чепкалка за заби за да проверите дали колачот е печен. Кога колачот ќе се олади, исечете го на половина. Намачкајте го џемот на едната половина. Преклопете со другата половина од бисквитот. Прелијте со чоколадна глазура.

Почекајте околу 15 минути за чоколадото да се зацврсти малку, а потоа исечете го на коцки или плочки.

Коронавирус