вторник, 21. август 2018. Вести денес: 72
home Храна и пијалаци

Најдобриот рецепт за трилече

Најдобриот рецепт за трилече

Потребни состојки:

190 грама сенаменско брашно

    1 лажичка прашок за пециво

    115 грама несолен путер или маргарин

    400 грама бел шеќер

    5 јајца

    1,5 лажичка екстракт од ванила

    475 милилитри полномасно млеко

    425 милилитри засладено кондензирано млеко (конзерва)

    365 милилитри обично кондензирано млеко (конзерва)

    355 грама густа шлаг пена

Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 175 степени и почекајте да се загрее. Тавата за печење премачкајте ја со малку масло и брашно. Нејзината големина треба да биде отприлика 25×35 сантиметри од која ќе ви излезат 24 парчиња. Во еден сад измешајте го брашното и прашокот за пециво и тргнете ги на страна. Во друг сад ставете го путерот или маргаринот заедно со 200 грама од шеќерот и мешајте сѐ додека не станат пенести. Потоа додадете ги јајцата и половина лажичка екстракт од ванила. Измешајте убаво. Додавајте ја мешавината со брашното во мешавината со путерот постепено, по 2 лажички, и потоа мешајте сѐ додека добро не се соединат. Сместете го тестото во подготвениот сад за печење.

Печете на 175 степени, околу 30 минути. Откако ќе завршите направете неколку дупчиња во тортата со помош на виљушка. Во еден сад сипете ги сите 3 вида млеко и измешајте. Потоа сипете ги во тавата со оладената торта. За крај, мешајте ги шлаг пената, останатите 200 грама од шеќерот и едната лажичка екстракт од ванила сѐ додека не станат густи. Откако ќе завршите, со оваа мешавина декорирајте го врвот на тортата. Десертот чувајте го во фрижидер. Уживајте!

„Tres Leches“ во буквален превод значи три млека. Интересно за овој десерт е што не се знае точно од каде потекнува, некои податоци укажуваат на Никарагва, додека пак други на Мексико. И покрај тоа што не може точно да се определи, сепак сите историчари едногласно се согласуваат дека рецептот прв пат се појавил некаде во Латинска Америка. Денес оваа торта е популарен десерт и зависно во кој дел од светот се прави, рецептите можат да варираат, но во принцип сите ги содржат истите основни состојки.