сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

На време подгответе се за летото: Детокс чај од две состојки кој помага во топењето килограми

На време подгответе се за летото: Детокс чај од две состојки кој помага во топењето килограми

Ако сте љубител на чаеви и пред се ако сакате да ослабете на природен и здрав начин советуваме во својата дневна рутина да го вклучите овој напиток.

Тој се состои од две состојки, нане и ѓумбир, кој во оваа комбинација ја намалува надуеноста и врши одличен детокс на организмот. Со редовно користење ќе забележите дека килограмите се топат.

Состојки (за една шолја чај):

1 лажица сушен лист од нане

1 лажица свежо исецкан корен од ѓумбир

По избор можете да додадете 1 лажица мед.

Помешајте ги нането и ѓумбирот, а потоа прелијте ги со врела вода. По пет минути процедите го чајот.