среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 165
home Храна и пијалаци

На многумина им се омилени, но во авион нема да може да ги јадат: Оваа намирница станува забранета

На многумина им се омилени, но во авион нема да може да ги јадат: Оваа намирница станува забранета

Јужнокорејската авио компанија „Коријан ер“ објавила дека во нејзините авиони повеќе нема да се служат кикирики, поради неодамнешен инцидент до кој дошло кога двајца браќа тинејџери не можеле да се качат во авион поради алергија на кикирики.

-Родителите им рекле на медиумите дека нивните синови биле симнати од летот, бидејќи авиокомпанијата не била подготвена да се справи со сериозна алергија на кикирики, пренесува Хина.

Се известува дека браќата патувале од американскиот град Атланта на Филипините, но останале во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, бидејќи компанијата не се согласила со молбата околу нив да не се служат кикирики, поради тешката алергија на постариот брат.

N1 пренесува дека „Коријан ер“ соопштиле дека за неколку недели ќе ги исфрли кикириките од храната која се служи, што е минимална безбедносна мерка за луѓето кои се алергични на кикирики.

Коронавирус