петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Храна и пијалаци

Мусака од шампињони

Мусака од шампињони

За љубителите на печурки, ова јадење ќе биде вистинско уживање.

Потребно е:

500 г шампињони
2 главици кромид
100 г сланина
2 лажици масло
2 чешниња лук
10 кришки леб
250 мл млеко
200 мл кисело млеко
3 јајца
мелен сув зачин
магдонос
оригано
сол, бибер

Подготовка:

– Шампињоните измијте ги убаво и исецкајте го на листови.

– Лукот и кромидот исецкајте ги ситно. Сланината исецкајте ја на тенки ленти.

– На загреано масло пропржете го кромидот и сланината и потоа додадете ги сецканите шампињони. Оставете да се динста. По некое време додадете сол, бибер, сецканото лукче, малку оригано, магдонос и мелен сув зачин.

– Во намастена огноотпорна тава наредете 5 кришки леб претходно потопени во млеко.

– Врз нив распоредете рамномерно половина од филот со печурки. Сега повторно наредете еден ред леб натопен во млеко. Врз него остатокот од филот.

– Изматете ги јајцата и во нив додадете го киселото млеко. Измешајте за да добиете хомогена смеса. Оваа течност прелијте ја врз мусаката во тавата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 20 минути.

– Мусаката од шампињони оставете малку да се излади, пресечете ја на коцки и послужете ја.