четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 182
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

home Храна и пијалаци

Моќта на тероарот низ вината на Тиквеш

Моќта на тероарот низ вината на Тиквеш

Како дел од презентирањето на премиум линијата на винарската визба Тиквеш на неодамна одржаниот Новосадски вински салон, беше одржано предавање на тема „Моќта на тероарот низ вината на Тиквеш“. Предавањто го водеа Никола Кузмановски енолог и Звонко Херцег соработник за винска едукација, кои успешно влегоа во коштец со контроверзната тема тероар и вина, на која почиваат апелациите од Стариот Свет, но и често неприфатлива опција за Новиот Свет. Низ предавањето се дегустираа последните берби од вината на Тиквеш при што до детал се објаснуваа карактеристиките на треоарите од каде потекнуваат вината, односно експрсијата на тероарот во тие вина. Несебично беа презентирани голем број корисни информации, а посебна заинтересираност покажаа посетителите во однос на поседите Барово, Лепово и Бела Вода.

„За мене сега вината од Барово добија друга димензија, земам голтка, ги затворам очите и пред мене го имам пејсажот на неговото родно место“, изјави задоволно еден од посетителите на предавањето.

Локални избори 2021