понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Храна и пијалаци

Мислев дека е здраво: Си ставила инфузија од свеж џус, за малку избегнала смрт

Мислев дека е здраво: Си ставила инфузија од свеж џус, за малку избегнала смрт

Педесет и едногодишна учителка од Хенжу, во кинеската провинција Хунан, била опседната со народната медицина. Токму тоа и ја натерало на 22 февруари самата да си стави инфузија направена од свежо исцедено овошје.

Мислев дека свежото овошје е нутритивно, никогаш не очекував дека може да ми се случи ова, признала Зенг за локалните медиуми.

Зенг изблендирала 20 овошја и го исцедила миксот. Заминала на доктор, преправајќи се дека има грип и побарала да ѝстават инфузија. Кога останала сама, ја сменила кесичката.

Следните неколку дена страдала од висока температура и треска, но не сакала да признае дека е болна, сè додека нејзиниот сопруг не ја одвел во болница. Таму останала 5 дена на интензивна нега, со тешки компликации и системска инфекција.

Нејзиниот доктор открил дека таа имала тешка инфекција на крвта и оштетувања на црниот дроп, едниот бубрег и срцето, но успеале да спречат целосно откажување на органите или сепса.