среда, 20. март 2019. Вести денес: 113
home Храна и пијалаци

Меѓународно признати вински сертификати за вински професионалци и ентузијасти конечно и во Македонија

Македонија со свој едукатор станува дел од престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци WSET - Wine and Spirit Education Trust
Меѓународно признати вински сертификати за вински професионалци и ентузијасти конечно и во Македонија

Македонија, од неодамна, се придружи на глобалната мрежа од над 700 вински едукатори (APP – Approved Program Provider) и стана една од 70-те земји кои имаат свој овластен претставник и едукатор на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци WSET – Wine and Spirit Education Trust. WSET квалификациите се глобално познати како интернационален стандард за винско знаење и „возачка дозвола“ во светот на виното.

Петар Величковиќ и неговата школа Wine Way, по долготрајни подготовки и со успешно завршување на ригорозната програма за WSET едукатор – минатиот месец станаа официјални македонски претставници на оваа глобално призната едукаторска организација. Првите курсеви се закажани на 6-ти Април. Рокот за пријавување е 20-ти март, а бројот на местата е ограничен. Ќе бидат одржани курсеви од прво и второ ниво, за кои е потребно само љубов кон виното, не и предзнаење.

Високите стандарди на Лондонската школа ќе овозможат на македонската винска сцена да се изградат вински познавачи кои ќе го зборуваат интернационалниот јазик на виното. Создавањето на нови вински ентузијасти, едуцирани вински работници и вработени во угостителството, дирекно ќе влијаат на развојот на домашната винска индустрија и винската култура воопшто во земјата.

Повеќе информации за едукативното тело и WSET обуките, како и детали за курсевите кои Wine Way ги нуди, можете да најдете на нивната веб страница wineway.org­­­­.