среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 91
home Храна и пијалаци

Мангупски доручек за продуктивно утро

Мангупски доручек за продуктивно утро

Секое утро го започнувате со досадни овесни снегулки? Разбудете се од ноќната мора, зошто утрото можете да го направите поинтересно преку три вида на брзи омлети.

Направете си за самиот себе или пак за вашата девојка во текот на неделата еден од овие три вкусни омлети со зеленчук кои даваат огромен број на протеини потребни за вашиот организам.

  1. Грчки омлет
  • 1 шолја стопен, исецкан и исцеден спанаќ
  • 100 грама меко козјо сирење
  • 2 лажички пинола

2. Тексашки омлет

  • 1/2 шолја зелена, исецкана пиперка
  • 1/2 шолја рендан кашкавал
  • 1/4 шолја сецкан кромид

3.  Италијански омлет

  • 1/2 шолја исцепкана пршута
  • 1/2 шолја рендан пармезан
  • 1 шолја шери патлиџан, исецкан на половинки
  • 1/4 шолја свеж босилак

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го тенџерето кое може да оди во рерна или пак користете калап за колачи. Во чинијата измешајте 8 јајца со 1/3 немасно млеко. Измешајте ги добро зеленчукот и сирењето, ставете сол и бибер за поубав вкус. Ставете ја мешавината во тенџерето или пак во калапот за колачи и добро испечете го, околу 25 минути. Почекајте да се олади малку (10 минути) и потоа исецкајте го на парчиња за четири порции.