понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 35
home Храна и пијалаци

Македонската винска сцена се сели во Охрид

Мал чекор за винарниците, но голем за македонското вино
Македонската винска сцена се сели во Охрид

Во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ на 10ти Август (Сабота) со почеток во 18:00 часот ќе се оддржи винскиот настан „Вински Тераси – Охрид“ во ресторанот Канео каде дел од македонските винарници (Тиквеш, Стоби, Шато Камник, Далвина, Езимит, Венец, Вирго, Шато Сопот, Пуклавец, Брзанов) ќе ги претстават своите вина на домашните и странските туристи.

Она што е ново за Охрид е тоа што за прв пат вакво претставување ќе се спроведе во сомелиерски манир, како што доликува на македонските вина. Имено гостите ќе имаат можност преку симболична влезница од 400 денари да дегустираат преку 100 различни вина по свој сопствен избор. Изложените вина ќе бидат од квалитетни до вина од премиум сегментот, правилно послужени, следени со стручни информации околу карактеристиките, сортите и македонските виногорја. Секако, не случајно е одбран и ресторанот Канео, кој патем широкоградо го прифати овој проект. Да се размислува „надвор од кутијата“ е предизвик, но и нешто што ја води гастрономијата напред, Во тоа светло и ќе се претстави тимот на Канео кој е задолжен за гастрономскиот дел.

Настанот е насловен „Вински Тераси – Охрид“ , со цел да се потенцира тесната врска помеѓу „лозовите тераси“ како микролокации од каде најчесто доаѓа најкавлитетното винско грозје до „винските тераси“ од сегментот на ресторатерството и хотелиерството каде тие вина треба да се понудат на посетителите во туристичките дестинации на соодветен, правилен начин.

„Вакви вински настани треба да станат традиција по нашите туристички места. Претставувањето на македонското вино на странските пазари треба да го ставиме во еквилибриум со домашниот пазар, особено во туристичките оази како што е Охрид. Гастрономијата пак да ја насочиме кон традиционалната кујна комбинирана со модерни техники. Имаме што да понудиме, но не очекува многу работа за што се чуствуваме навистина спремни“ – изјавија од МАСОМ.

Повеќе информации: Website / Facebook Event / Tickets