четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 178
home Храна и пијалаци

Макало од доматен сос и праз

Макало од доматен сос и праз

Одличен избор за овие студени зимски денови заедно со топол леб и бело сирење. За оние кои никогаш не ја пробале оваа неверојатна комбинација, еве го рецептот:

Потребно е:
3 страка праз, многу ситно исечкан
400 мл доматен сос или конзерва пелати
сол и бибер
масло за јадење

Подготовка:
– Во подлабоко тенџерче, ставете масло да се загрее. На загреаното масло ставете го празот да се пропржи. Посолете го и мешајќи пржете го околу 10 минути.

– Потоа, ставете го доматниот сос, зачинете со сол и бибер и оставете да се крчка малку, додека да се соединат состојките.

– Во мало шолјиче ставете една лажичка брашно и малку вода. Измешајте ги со вилушка за да нема грутки и ставете ја течноста во тенџерето. Варете додека да се згусне целата смеса.

– Сервирајте топло.

Коронавирус