вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 104
home Храна и пијалаци

МАК МАФИНИ: Совршен десерт за ладните денови кој се прави за час!

МАК МАФИНИ: Совршен десерт за ладните денови кој се прави за час!

Мафините се едни од омилените десерти бидејќи лесно се подготвуваат, а состојките можат да бидат по желба – од чоколадо, преку овошје, па се до зачини како што е афионот.

Доколку сте љубител на афион, ви предлагаме да ги направите овие вкусни мафини по едноставен рецепт.

Состојки:

брашно – 250 грама
шеќер – 120 грама
ванилин шеќер – 1 кесичка
прашок за пециво – 1 лажиче
јајца – 2 парчиња
масло – 70 ml
јогурт – 100 ml
афион – 2 лажици

Подготовка:

Измешајте ги брашното, шеќерот и прашокот за пециво. Додадете јајца, јогурт, масло и афион. Сите состојки убаво измешајте ги со жица за да добиете еднолична смеса.

Обложете калап за мафини со хартиена корпа и во нив прелијте ја подготвената смеса и печете ги во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат околу 20 минути.

Готовите мафини заедно со корпичките извадете ги од калапот и оставете ги да се изладат.

Можете да ги посипете со шеќер во прав или рендано чоколадо по вкус.

Коронавирус