четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 85
home Храна и пијалаци

Лукот навистина лошо мириса, но дознајте зошто е чудотворен дар од природата

Лукот навистина лошо мириса, но дознајте зошто е чудотворен дар од природата

Лукот го намалува притисокот врз ѕидовите на крвните садови и на тој начин го намалува оптоварувањето врз срцето.

Во лукот има материја наречена алицин, на што се должи карактеристичниот мирис и вкус. Алицинот стапува во реакција со црвените крвни клетки, во резултат на што се образува сероводород.

Имено, таа супстанција го намалува притисокот врз ѕидовите на крвните садови. Како последица се засилува крвотокот, а притисокот се намалува.

Тоа овозможува и останатите органи да бидат снабдени подобро со кислород, а оптоварувањето на срцето при тоа е многу помало. Освен тоа познато е дека лукот претставува природен антибиотик и служи како превенција од респираторни инфекции.

Лекарите препорачуваат 2-3 пати неделно консумација на овој чудотворен дар од природата.

Коронавирус