среда, 12. декември 2018. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Кремаста торта со јагоди што не се пече: Лесна за подготовка, а се топи во уста

Кремаста торта со јагоди што не се пече: Лесна за подготовка, а се топи во уста

Комбинацијата од ванила и јагода е непогрешлива, а кога ќе се додадат и пишкоти, се добива вкус што не се заборава.

Потребни состојки:
2 пакувања пишкоти
1 литар млеко
3 пудинга од ванила
250 милилитри слатка павлака
200 грама крем сирење
6 лажици шеќер

Фил со јагоди:

400 грама јагоди
вода
5 лажици шеќер
пудинг со вкус на јагода
10 грама желатин (1 кесичка)

Начин на подготовка:
Прво, згответе го пудингот од ванила, а кога ќе се излади, додајте во него слатка павлака и изматете. Потоа, додајте крем сирење и матете уште малку. Филот од ванила е готов!

Исечкајте ги јагодите, па во нив додајте 500 милилитри вода, шеќер по желба, а потоа ставете ги на шпорет да зовријат. Оставете ги на шпорет 2-3 минути. За тоа време, изматете го пудингот со 200 милилитри вода, а желатинот потопете го во 5 лажици вода.

Можете малку да ги испасирате јагодите како кога пасирате компир, а потоа додајте ги во пудингот и мешајте. Во пудингот додајте стопен желатин и енергично промешајте. Да знаете, дека смесата нема многу да се згусне. Тргнете ја од шпорет и оставете ја да се излади 5-10 минути.

На дното од калапот подредете ги пишкотите потопени во млеко. Филувајте ги со половина од белиот (ванила) фил. Оставете ги во фрижидер 10-тина минути, а потоа прелијте ги со половина од филот од јагода. Ставете ги во фрижидер 10-15 минути, а потоа прелијте ги со остатокот од филот од ванила, па потоа и со остатокот од филот од јагода.

Оставете го десертот да отстои во текот на ноќта или барем неколку часа во фрижидер, а потоа послужете го и уживајте во совршениот вкус.