петок, 25. мај 2018. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Крцкава пита со шунка и павлака за вкусен појадок или вечера

Брза пита која може да ја подготвите за појадок или за вечера.
Крцкава пита со шунка и павлака за вкусен појадок или вечера

Состојки

500 грама тенки кори

2 јајца

2 павлаки

масло

1 кромид

200 грама сувомеснато или сецкани пилешки гради

2-3 лажички гриз

Подготовка

На малку масло пропржете го месото или сувомеснатото. Во длабока чинија ставете ги павлаките, додадете ги јајцата и гризот и добро изедначете ја смесата.

Раширете една кора и премачкајте ја со павлаката, постапката повторете ја со втората и третата кора. Нанесете 3-4 лажици од филот со прженото месо на кората, свиткајте ги краевите и замотајте ролат.

Постапката повторете ја се додека имате материјал.

Оставете две лажици од филот со павлака и со четка премачкајте ги ролатите.

Се пече на температура од 200 степени околу 30 минути. Послужете со јогурт или кисело млеко.