недела, 31. мај 2020. Вести денес: 25
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Храна и пијалаци

Козјото млеко ви носи здравје

Козјото млеко ви носи здравје

Козјото млеко и неговите лековити својства биле познати уште со векови во народната медицина. Во ова млеко има многу хранливи состојки кои се корисни за нашето здравје.

Докажано е дека луѓето кои имаат проблеми со анемијата, поради дефицит на железо треба да пијат козјо млеко, бидејќи тоа овозможува подобра апсорпција и подобро искористување на железото. Исто така успева успешно да го врати хемоглобинот во нормала.

Козјото млеко е хипоалергено, што значи дека има минимални алергени реакции, за разлика од кравјото млеко кое може да предизвика големи проблеми.

Супстанците кои што ги содржи козјото млеко дејствуваат како пробиотици или супстанци кои се борат со штетните бактерии во цревата.

Богато е со минерали, калциум, фосфор и олигосахариди, шеќери кои ги има во мајчиното млеко.

Коронавирус