Компирите се зеленчук кој може да се подготви на многу начини, но дали знаевте дека можете да направите комплетен оброк во тава со додавање на кашкавал и сланина?
Состојки:
800 гр компири
300 гр сланина
300 гр кашкавал
1 јајце
2 лажици пченкарен скроб
сол, бибер, зачинска пиперка, оригано
Подготовка:
Во тавче ставете маслиново масло да се загрее и за тоа време исечете ги компирите на прстени во кои треба да додадете скроб.
Наредете ги прстените од компир во тавата и печете околу 6 минути. Вртете ги прстените на секои 3 минути, а потоа изматете го јајцето и прелијте ги компирите.
Печените компири извадете ги во чинија, а потоа истурете нови компири во тавата, наредете ги исто како и претходните. Се пече од едната страна покриено, па се врти и се редат кашкавалот и сланината, претходно се пече сланината во тавче 2 минути на силен оган.
На првиот компир што го ставивте додадете кашкавал и сланина, па посипете со рендан кашкавал. Покријте ја тавата со капак и додадете малку магдонос.