сабота, 24. август 2019. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Колку мед дневно е доволно за добар имунитет?

Колку мед дневно е доволно за добар имунитет?

Одамна е познато дека лажица мед на ден, со вода, чај или со јаболков оцет, ја јакне природната отпорност на организмот.

Меѓутоа, не им е познато на сите дека токму таа една лажица е вистинската мера. Според истражувањата токму оваа количина мед е онаа која го крева нивото на антиоксиданси за кои се смета дека штитат од срцеви, но и од други заболувања.

Истовремено, таа количина е доволна за да ја задоволи потребата за благо, што е многу важно за сите оние кои јадат многу благо. Исто така, оваа количина нема да влијае на линијата.

Пресметано е дека љубителите на благо, годишно, во просек јадат околу 75 килограми слатки. За нивното здравје би било добро ако барем еден дел од нив го заменат со мед, порачуваат стручњаците.