петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Храна и пијалаци

Колку е здраво да јадете краставици?

Колку е здраво да јадете краставици?

Краставиците спаѓаат меѓу најодгледуваниот зеленчук во светот и тие се една од најдобрите намирници за општото здравје. Затоа, следниот пат во својата листа за набавка на намирници додадете ги и краставиците, со тоа ќе си направите голема услуга.

Хидратација на телото

Ако немате навика да пиете доволно вода, јадете ладни краставици, затоа што содржат дури 90 проценти вода.

Разладуваат одвнатре и однадвор

Тие се вистинскиот избор за топлите денови, бидејќи го ладат организмот одвнатре и однадвор. Ако сте добиле изгореници од сонце, на воспаленото место ставете ладна кришка краставица. Секако, одлични се за јадење и во овие студени денови.

Елиминираат токсини

Водата од краставиците делува како чистач на организмот, а ако ги јадете редовно ќе ви помогнат да се ослободите од камен во бубрегот.

Дневна доза витамини

Краставиците содржат доста витамини. Го зголемуваат имунолошкиот систем и даваат енергија. Не ја тргајте лушпата од краставицата, затоа што таа е богата со витамин Ц и задоволува 12 проценти од дневните потреби за овој витамин.

Одлични за кожата

Краставицата е богата со калиум, магнезиум и силициум. Затоа бањите нудат голем број третмани во кои краставиците имаат главна улога.

За варење и слабеење

Поради високото количество на вода и малиот број на калории ова е супернамирница за сите кои имаат проблеми со варење и вишокот килограми. Краставиците нека станат составен дел од вашите оброци – од нив можете да направите чорба или да ги јадете како салата. Џвакањето на краставицата е добро и за тренинг на вилицата, а поради влакната кои ги содржат одлична е и за желудникот. Ако ја јадете секој ден, ќе помогне и кај хронична опстипација.

Го регулираaт крвниот притисок

Краставиците содржат многу влакна, калиум и магнезиум кои го регулираат крвниот притисок. Затоа краставицата е добра за регулирање и на високиот и на нискиот притисок.

Коронавирус