вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 135
home Храна и пијалаци

Колку дена може да се јадат велигденските јајца?

Колку дена може да се јадат велигденските јајца?

Јајцата се многу вкусен и хранлив оброк. Содржат протеини и голем број витамини и минерали и се одлична замена за месо.

Доколку ги чувате како што треба, варените јајца можат да се јадат неколку дена.

Треба да знаете дека варените јајца не мора да стојат во фрижидер, но никако не треба да ги чувате на место каде ќе бидат изложени на сонце.

Како што тврдат нутриционистите, варените jajца може да ги јадете 5-7 дена од денот на варење. Се препорачува да ги чувате во фрижидер или на ладно место.

Нека не ве загрижува зеленкастата боја на жолчката, тоа не значи дека јајцето е расипано туку е последица на хемиска реакција меѓу белката и жолчката. Доколку јајцето има чуден мирис, побезбедно е да не го јадете.

ЕУРО 2020

Македонија