недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Колач со мед и круши

Колач со мед и круши

Потребно е:
3 големи тврди круши
1/4 чаша (1 чаша = 200 мл) путер
1/4 чаша мед

за тестото:
1/2 чаша путер (на собна температура)
1/4 чаша маслиново масло
1/2 чаша мед
1/3 чаша кафеав шеќер
2 лажичиња прашок за пециво
2 лажичиња екстракт од ванила
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче мелен кардамон
1/2 лажиче рендано морско оревче
2 јајца
2 чаши брашно
3/4 чаша јогурт
1/2 чаша сецкано ореви или бадеми
горгонзола сирење

Подготовка:
– Крушите убаво измијте ги и исечете ги по долчина на тенки парчиња.

– Растопете го путерот на тивко со постојано мешање, тргнете го од рингла и додадете го медот. Постојано мешајте додека да се добие хомогена смеса.

– Смесата сипете ја во калап за торта и израмнете. Одозгора наредете ги парчињата круши во круг, така што подебелиот дел да биде кон работ на калапот, а потенкиот кон средината. Повторете ги редовите додека ги потрошите сите круши..

– Во еден сад изматете го путерот со маслото, медот, шеќерот, прашокот за пециво, екстрактот од ванила, сол, кардамон и морско оревче. Додадете ги едно по едно јајцата со постојано матење, а потоа и 1 чаша брашно, јогуртот, па втората чаша брашно.

– На крај додадете ги оревите и измешајте. Смесата рамномерно распоредете ја во калапот над крушките.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 40 минути.

– Печениот колач оставете го да се излади во калапот 30-тина минути. Потоа извадете го и превртете го на чинија од опачината..

– Сервирајте го со исечени парчиња горгонзола сирење.