вторник, 26. септември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Која е вистинската намирница што ќе ве разбуди?

Која е вистинската намирница што ќе ве разбуди?

Декстрозата дава брзо задоволство за оние кои ги погодува замор, такашто моментално им обезбедува шеќер кој ја зголемува количината на енергија и помага за концентрацијата, но стручњаците предупредуваат дека е тој ефект лажен, па затоа како замена препорачуваат да се изеде една банана.

Предупредуваат дека дејството на декстрозата е само моментална па со тоа и нездрава. Секој вишок на шеќер ќе се претвори во маст, баш како и шеќарите во пекарските производи или во слатките.

Даниела Крехл од германската потрошувачка организација Verbraucherzentrale Bayern затоа советува алтернатива, односно поздрав начин за еднаква енергетска „помош“, а тоа се бананите.

„Бананите се полни со овошни шеќери кои брзо даваат енергија“, истакнува германската експертка. „Тие содржат и покомплексни јагленохидрати кои подолго не снабдуваат со енергија“. Бананите се богати и со витамини и со минерали, додава Крехл.

Нападите на замор е најдобро да се избегнуваат со здрав појадок, а добра опција за тоа се разни видови леб од целовити зрна, како и овесна каша.