вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Храна и пијалаци

Како правилно да ги чистите купените производи за да се заштитите од коронавирусот?

Како правилно да ги чистите купените производи за да се заштитите од коронавирусот?

Живееме во време на пандемија на COVID-19 и од сите нас се очекува одговорно однесување со цел да се заштити сопственото, но и колективното здравје.

Прва и најважна препорака е да се одржува социјална дистанца од другите луѓе во јавност од најмалку 1,5 до 2 метри, потоа редовно и темелно миење на рацете со вода и сапун особено после враќање од надвор во домот, како и одржување на општа хигиена и чистота во домот.

Може да дојдете во контакт со коронавирусот при близок контакт со заболено лице или носител на вирусот, но и при контакт со површини на кои стигнал вирусот преку човечки секрет (кивање/кашлање). Познато е дека новиот коронавирус се задржува на бакар до четири часа, на картон до 24 часа, а на пластика и челик до 72 часа. Треба да се нагласи дека со минување на времето, се намалува количеството на вирусот на секоја од овие површини, а со тоа и ризикот од инфекција при контакт со нив.

Кога пазарувате, важно е да бидете внимателни и пазарувањето да го завршите брзо и ефикасно, со цел да не се задржувате долго во продажното место. Со оглед на тоа дека не би можеле да знаете кој ги допрел производите пред вас, кога ќе стигнете дома треба да ги исчистите амбалажите на производите кои сте ги купиле.

Доктор Санџеј Гупта објаснува како правилно да ги чистите храната и другите производи купени од супермакети, локални продавници и пазари за време на пандемијата со COVID-19.

Некои производи и намирници, како сол, шеќер, ориз, тестенини и слично, може да ги претурите во пластични или стаклени садови со капак, а амбалажата да ја фрлите. Овошјето и зеленчукот темелно мијте ги, а по можност оставете ги да отстојат во раствор со сода бикарбона најмалку половина час пред да ги користите.

Коронавирус