недела, 9. август 2020. Вести денес: 99
home Храна и пијалаци

Како да препознаете емоционално прејадување?

Како да препознаете емоционално прејадување?

Емоционалното прејадување е проблем кој предизвикува низа други проблеми, а главната причина за сето тоа е – стресот.

Многумина ја користат храната за да ги ублажат емоциите по лош ден или стресен период од животот. Така доаѓа до емоционално прејадување.

Кога емоционалното прејадување ќе стане навика, тогаш се дебелеете и немате контрола колку храна внесувате во организмот.

Група научници од Универзитетот Јејл го проучуваа односот помеѓу стресните ситуации и промени на тежината кај луѓе и открија дека стресот и анксиозноста предизвикуваат неконтролирано дебелеење.

Ова истражување откри дека епизодите на стрес предизвикуваат пораст на нивото на кортизол. Освен тоа, стресот предизвикува постојано чувство на глас кој доведува до прејадување.

Луѓето коишто се под стрес – освен што се анксиозни се склони и на дебелеење.

Наместо да се прејадувате секогаш кога имате лош ден или кога сте под стрес, најдете друг метод.

Може да правите вежби, да медитирате, да разговарате со вашите пријатели или да читате книги. Не мора постојано да слушате вести на телевизија и да барате утеха во храна.

Сите луѓе се различни. Обидете се да не бидете строги кон себеси. Воведете нови навики кои ќе ги применувате една по една. На пример, испијте чаша вода или медитирајте за да го исфрлите стресот од вашето тело.

Ви препорачуваме да ги пробате овие лесни вежби за да се релаксирате и да се чувствувате подобро.

Коронавирус