петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 114
home Храна и пијалаци

КАКО ДА ОСЛАБЕТЕ, А КИЛАЖАТА ДА НЕ ВИ СЕ ВРАТИ? Најздраво е да губите до еден килограм неделно

КАКО ДА ОСЛАБЕТЕ, А КИЛАЖАТА ДА НЕ ВИ СЕ ВРАТИ? Најздраво е да губите до еден килограм неделно

Ако сакате да ослабете без познатиот јо-јо ефект, заборавете на инстант диетата и гладувањето

Нутриционистите веруваат дека најздраво е да губите од половина до еден килограм неделно. Диетите не треба да му штетат на здравјето, важно е да се следат неколку основни совети.

Висококалоричната храна заменете ја со онаа со помалку калории и јадете повеќе овошје, зеленчук, нерафинирани јаглехидрати, а лошите масти заменете ги со добри. Дополнително, важна е физичката активност, а во овие услови на изолација, тоа може да биде кратка прошетка, лесно трчање во место или брзо одење во место.

Обидете се да управувате со вашите менија според овие диети.

Диета 16:8

Режимот на исхрана 16:8 беше создаден околу правилото за постење 16 часа секој ден, додека помали оброци може да се распоредат во преостанатите осум часа. Распоредот го правите сами, во зависност од тоа кога ќе почнете да јадете.

Ако појадувате околу 9 часот, тогаш последниот оброк ќе го имате во 17 часот, додека ако утринскиот оброк е подоцна, околу 12 часот, значи дека вечерата ќе биде во 20 часот. Кога сте на овој режим, препорачливо е да пиете незасладен чај или вода. Во периодот од осум часа, кога е дозволена храна, се советуваат лесни и здрави оброци, со повремено уживање во омилените задоволства.

Диета со 1.200 калории

Целта на оваа диета е да внесувате 1.200 калории дневно. Со внесување на помалку калории, нашето тело прибегнува кон согорување на мастите, што резултира со губење на тежината. Оваа диета е најпогодна за луѓе кои водат неактивен начин на живот и можеби немаат потреба од препорачаните 2.000 калории дневно. Диетата вклучува три оброци дневно со две задолжителни ужинки, па нема гладување и жртвување. Заедно со диетата потребно е да се испијат од 1,5 до 2 литри вода.

Коронавирус