сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 2
home Храна и пијалаци

Како да го намалите апетитот?

Како да го намалите апетитот?

Првиот чекор кон постигнување телесна тежина од која ќе бидете задоволни е да го погледнете сопственото тело, а потоа да почнете одговорно да се однесувате при изборот на храна и нејзиното количество во чинијата.

Една од тајните на добриот изглед се крие во тоа дека самите мора да знаете кога ви е доволно со јадење. Кога чувствувате дека сте сити, значи дека веќе сте изеле премногу.

Чувството кога ќе станете од маса мора да биде организам исполнет со енергија, а не чувство на полн стомак и замор.

Вежбајте и со текот на времето сами ќе научите како да ги препознаете овие две работи.

Ако продолжите со јадење откако во организмот ќе внесете доволно храна и се чувствувате сити, тоа е само навика која ја имате уште од детството. Често јадеме само затоа што ја гледаме храната, а не затоа што сме гладни.

Исто така, и седиме на маса од навика, а не затоа што на организамот навистина му е потребна храна.

Обидете се да го завршите оброкот пет минути порано од претходно или кога во чинијата ќе остане една четвртина од вашиот вообичаен оброк.

Направете пауза од 10 минути и вратете се на маса. Речиси повеќе од сигурно е дека веќе нема да бидете гладни. За следниот оброк во чинијата ставете помалку храна.