понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 49
home Храна и пијалаци

Јужнокорејска диета со црн ориз

Јужнокорејска диета со црн ориз

Јужнокорејски научници препорачуваат црн ориз во борбата против вишокот килограми и спречување на дебелеењето.

Стручните лица спровеле испитувања врз експериментални глувци со тежина поголема од вообичаената, кои ги хранеле со црн ориз. Притоа, заклучоците велат дека црниот ориз ги намалува акумулираните липиди во црниот дроб и масното ткиво, како и нивото на холестерол.

Истражувачите, исто така, нагласуваат дека црниот ориз содржи повеќе антиоксиданти, протеини, влакна и помалку шеќер во споредба со белиот ориз. Покрај тоа, црниот ориз има понизок гликемичен индекс – само 42,3, додека, пак, за белиот, овој показател изнесува 64.

Сѐ ова го прави црниот ориз целосно диететски производ кој заситува, не дебелее и не ни штети по здравјето.