вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Храна и пијалаци

Јогурт погача од кујната на баба за вашите свечености (фото/видео)

Јогурт погача од кујната на баба за вашите свечености (фото/видео)

Секогаш кога подготвуваме некаква свеченост сакаме да пробаме нешто ново, но вкусно и потврдено. Токму такво нешто е јогурт погачата од кујната на баба…

Состојки
800 – 900 г. брашно
30 г квасец
200 мл јогурт
200 мл млеко
1 лажица шеќер
малку сол
50 мл масло
150 г фета сирење
1 – 2 лажици ајвар
варен и сечкан спанаќ
2 јајца
1 жолчка
сусам
Подготовка:квасецот истопете го во малку млако млеко, додајте шеќер и остатокот млеко, јогурт, два јајца и изматете со маталка.Потоа додајте брашно и сол и со остатокот тесто замесете средно тврдо тесто.

Оставете да стасува 30. минути.


Тестото поделете го на четири еднакви делови, од сечените делови направете топчиња. Првото топче расукајте го на хартија за печење и намачкајте со сирењето.

Втората кора исто така расукајте ја и со сукало ставете на кората со сирење па намачкајте со спанаќот.

Третата кора исто така расукајте ја, и со помош на сукало ставете над кората со спанаќ. Оваа кора намачкајте ја со ајвар. Четвртата кора расукајте ја и ставете преку таа со ајвар. Над се’ ставете некоја округла тава или тенџере и притиснете да се одбележи круг па вишокот исечете го. Тестото сочувајте го за средината на кругот. На средина ставете некоја чаша и исто така притиснете и обележете.

Со нож за пица погачата исечете ја од рабовите на бележаниот круг надолу, направете 4 четвртини. Секоја четвртина поделете ја на три дела.

Со раце земете два соседни триаголници па три пати превртете ги и ивиците притиснете ги на хартија. Така по ред, во круг. На средина на погачата ставете едно топче од тестото кое ви останало од исеченото тесто.

Сега погачата префрлете ја во поголем плех, намачкајте со жолчка и наросете со сусам. Оставете 15. минути малку да нарасне а за тоа време рерната вклучете ја на 200 степени, па ставете ја погачата.

Можете да намалите на 190 степени и печете 35 – 40 минути. Погледнете за време на печењето и ако премнгу се зацрви покријте со фолија.


Погачата изгледа прекрасно а и многу е вкусна.