среда, 14. април 2021. Вести денес: 173
home Храна и пијалаци

Јапонски палачинки, меки и неодоливи, подготвени за една минута: Ако не сте ги пробале, многу сте пропуштиле

Јапонски палачинки, меки и неодоливи, подготвени за една минута: Ако не сте ги пробале, многу сте пропуштиле

Рапсодија за вашите непца, овој рецепт јасно ќе ве освои со својата едноставност и вкус. Подгответе јапонски палачинки, неодоливи, сочни, предизвик за сите гурмани.

Состојки:
2 јајца
50 гр шеќер
1 лажица мед
40 мл вода
100 гр брашно
ванилин шеќер
прашок за пециво
чоколаден крем или џем

Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете ќесичката со ванилин шеќер и мед. Комбинирајте сè добро, а потоа додадете вода. Во смесата додадете брашно и прашок за пециво, мешајќи постојано додека не добиете компактна маса.

Истурете една лажица од смесата на средина на загреана тефлонска тава – не истегнувајте на рабовите на тавата како кога правите класични палачинки. Кога ќе почнат да се формираат меурчиња, свртете ја палачинката на другата страна. Можете да печете три палачинки ако вашата тава има поголем дијаметар.

Кога ќе печете палачинки, ставете чоколаден крем или џем, по желба, а потоа преклопете во друга палачинка, и залепете ги рабовите заедно со лесно прскање на врелото тесто.

Коронавирус