недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Храна и пијалаци

Јапонска банана- диета

Јапонска банана- диета

Јапонските фармацевти Сумико и Хитоши Ватанабе препорачуваат диета со банани, којашто се држи најмногу 12 дена. За појадок се јадат една до четири, исклучиво со млака вода. Чајот и кафето се дозволени, но не секој ден.

Во основа на оваа диета е појадокот кој се состои само од банани и млака вода. Останатите оброци во денот треба да бидат здрави, лесни и регулирани, но нема посебни правила што и колку треба да се јаде.

Според стручните лица, последниот оброк треба да го внесете четири часа пред легнување, треба да си легнете најдоцна на полноќ и да спиете барем осум часа.

За време на диетата, максимално ограничете го кафето, алкохолот и цигарите. Десертите се целосно забранети.