четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Јагодите цело време ги јадеме погрешно

Јагодите цело време ги јадеме погрешно

Доаѓа сезона на јадење јагоди, а сите правиме грешка кога се тие во прашање.

Јагодите се богати со антиоксиданси кои се многу важни за здравјето на срцето. Содржат витамин Ц, калиум, влакна и многу малку калории. Меѓутоа, ако претерате може да бидат погубни за забите.

Многу намирници, вклучувајќи ги и јагодите, се богати со фолна киселина, а редовното конзумирање на ваквите намирници може да доведе до ерозија на забите. Станува збор за состојба која го уништува заштитниот слој на нашите заби.

Еднаш кога ќе го изгубиме тој слој не се обновува и може да доведе до бројни здравствени проблеми, а во најлош случај и да ги изгубиме забите.

За среќа, постојат одредени работи кои може да ги направиме за да се заштитиме:

Јадете јагоди со намирници кои не се кисели и имаат мал процент на шеќер. Ореви, банани, јаболки и млечните производи се добар избор.

Почекајте неколку часа откако сте јаделе јагоди за плунката да го поправи заштитниот слој на забите, па потоа јадете нешто друго.

После јадењето јагоди напијте се вода со цел да ја исплакнете устата.

Не ги мијте забите, бидејќи со тоа додатно ќе го уништите заштитниот слој. Чекајте барем 30 минути, па измијте ги забите.

Коронавирус