вторник, 21. август 2018. Вести денес: 31
home Храна и пијалаци

Јадете чипс или пица и одеднаш ве заболува глава- еве зошто

Јадете чипс или пица и одеднаш ве заболува глава- еве зошто

Постојат многу видови храна кои под одредени услови би можеле да предизвикаат главоболка. Доколку и вие сте меѓу оние кои често, или барем понекогаш, ги мачи мигрена, сигурно ќе ве интересираат податоците од најновите истражувања поврзана со ефектот на одредени прехранбени производи врз појавата на глаболка.

Кикиритките, путерот од кикиритки, оревите, пицата, чипсот, сите оние „нездрави“, а неодоливи ужинки кои се едноставно заразни, можат да бидат, и без да знаете, причинители на главобока. Меѓу продуктите кои предизвикуваат главобока се и кашкавалите кои стојат долго како и други продукти кои содржат тирамин, како црвеното вино и другите алкохолни напитоци, месните преработки и сл.

За главоболките од алкохол не е потребно големо објаснување. Според тврдењата на стручниците, црвеното вино, пивото, шампањот, се, најчестите зачетници на здодевните болки. Кога пиете алкохол, приливот на крв во мозокот се зголемвуа и тоа може да биде импулс за почеток на глаболка.

Од главоболки не се лишени и обожавателите на студени пијалаци. Убаво е да се знае дека студената храна влијае неповолно врз некои луѓе, на тој начин што може да предизвика глаболка. Поголема е веројатноста дека тоа ќе се случи доколку телото е веќе загреано, на пример, со физичка активност, или со зголемена надворешна температура. Тогаш болката се јавува во горната половина од главата и трае во интервали од неколку секунди до неколку минути. Истражувањата покажуваат дека над 90 отсто од луѓето кои страдаат од хронична мигрена покажуваат чувствителност на сладолед и останати студени супстанци.

Причинители на главоболка може да бидат и прехрамбени производи кои содржат адитиви како хот-дог, шунка, колбаси, сланина, лути пиперчиња.

Се разбира, вие самите најдобро можете да откриете која храна ви предизвикува проблеми. Најдобро би било секој што страда од главоболки да води некој вид дневник кога точно чувствува главоболка и што консумирала токму тој ден. По одреден период, би можеле да утврдите, врз основа на вашите записи, кои продукти се предизвикувачи на главоболките во конкретниот случај.