сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 33
home Храна и пијалаци

Истражување: Тие кои пијат секој ден цеден сок имаат помал ризик од згрутчување на крвта во мозокот

Истражување: Тие кои пијат секој ден цеден сок имаат помал ризик од згрутчување на крвта во мозокот

Едно истражување објавено во British Journal of Nutrition покажало дека ако консумирате цеден сок секој ден, ќе го намалите ризикот од мозочен удар за една четвртина.

Во истражувањето учествувале 35.000 мажи и жени на возраст од 20 до 70 години, а резултатите утврдиле дека луѓето што го пијат сокот секој ден имаат помал ризик од згрутчување на крвта во мозокот за 24 отсто. Се покажало и дека зачестеноста на срцеви заболувања е помала кај луѓето кои редовно го консумираат, бидејќи имаат 12 до 13 отсто помал ризик од оштетување на артериите.

Отсекогаш се верувало дека свежо цедените сокови се одлични за нашето здравје, а во последните години започнаа дебати за тоа колку тие навистина се добри поради количината на шеќер што ја содржат.

Но експертите сметаат дека неговото дејство на превенцијата од мозочен удар е поважна од количината на шеќери во тие сокови.

Сепак, научниците советуваат дека подобро е да јадете свежо овошје, бидејќи содржи повеќе хранливи материи, кои се одлична превенција за срцевите болести.

Коронавирус