понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 110
home Храна и пијалаци

Искусните домаќинки знаат: Еве зошто треба да додадете лушпа од јајце во супата!

Искусните домаќинки знаат: Еве зошто треба да додадете лушпа од јајце во супата!

За да биде супата побистра и повкусна, применете некои од советите на искусните готвачки

За да приготвите што повкусна супа, мора да комбинирате што повеќе видови месо – говедско, телешко и пилешко. Додајте и што повеќе зеленчук – магдонос, целер, пашканат.

Добро посолете ја дури откако ќе зоврие. Супата секогаш е повкусна доколку се вари полека, на умерена температура, а зеленчукот се додава дури откако ќе се отстрани пената од површината. Во супата додајте и чаша ладна вода.

Ако ви се чини дека е матна, изматете белки и ставете ги во супата додека се вари. Говедската супа ќе биде побистра ако додадете лушпа од јајце додека се вари.

Печете ги лушпите од јајца десетина минути во рерна на 180 степени, потоа оставете ги да се оладат, па издробете ги додека парчињата се претворат во прав. Добиената смеса можете секојдневно да ја додавате во супи и во варени јадења и така да го зголемите внесот на калциум, кој е неопходен за здрави коски.

Коронавирус