четврток, 6. август 2020. Вести денес: 75
home Храна и пијалаци

Илјадници жени ја довеле својата линија до совршенство со оваа напивка: Потребни се само 3 состојки

Илјадници жени ја довеле својата линија до совршенство со оваа напивка: Потребни се само 3 состојки

Секое утро почнувајте го со оваа напивка и гледајте како килограмите исчезнуваат

Рецептот за оваа напивка датира уште од 40-те години на 20 век. Поради своето позитивно дејство на губењето килограми и ден денес е многу популарна и многу често се користи за слабеење.

Правилата што треба да ги испочитувате за да изгубите килограми се што почесто да ја консумирате напивката во текот на денот и да ја редуцирате исхраната.

За приготвување на напивката ви треба:
10 лажици свеж сок од лимон
10 лажици јаворов сируп
лажиче чили
Приготвување:
Додајте ги сите состојки во литар вода, добро промешајте и напивката е спремна за употреба.

Во текот на денот би требало да испиете околу 1 литар од оваа напивка, а храната да ја сведете на минимум, односно да внесувате околу 1.200 калории.

Придобивки од напивката
Лимонот го поттикнува метаболизмот и дигестијата, а јаворовиот сируп носи хранливи состојки и енергија, додека чилито помага во разградбата на маснотиите во телото.

Исхрана за време на диетата
Во текот на спроведувањето на диетата со лимон треба да јадете полесна храна. Дозволени се следниве намирници: свежо цедени овошни сокови и зелен чај, бадеми и лешници, брокули, грашок, зелка, кромид, домат, модар патлиџан, спанаќ, тиквичка, пилешко, риба, семки од тиква и тофу-сирење.

Од овошје се препорачува диња, грејпфрут, грозјте, јаболка, киви, лубеница и портокал.

Напомена: Напивката се пие 15 дена, по што треба да направите пауза.

Коронавирус