четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 3
home Храна и пијалаци

Идеја за здрав појадок: Мусли со јогурт од индиски ореви

Идеја за здрав појадок: Мусли со јогурт од индиски ореви

Индиските ореви имаат висока нутритивна вредност. Богати се со витамините Б1, Б2, Б6 и Е, а имаат и висок процент на калиум, натриум, флуор, јод, калциум, железо и фосфор. Освен што може да ги јадете заради вкусот, лекарите препорачуваат да ги јадете и поради бројните придобививки за вашето здравје.

Индиските ореви имаат многу помалку маснотии од сите други јаткасти плодови. Тие се одличен извор на антиоксиданти и одличен додаток кога држите диета.

Индиските ореви растат на дрво во Индија, Африка и Бразил.

Како да направите брз јогурт од индиски ореви

Изблендирајте:

200 мл. вода

200 гр. индиски ореви

4 големи лажици сок од лимон

Мусли по избор

Доколку имате време, најпрвин ставете ги индиските ореви и потопете ги во вода, па оставете ги да отстојат најмалку 20 минути, а може и неколку часа или преку ноќ.

Исцедете ги, па додајте ги во блендерот со вода и сок од лимон. Доколку сакаtе поредок јогурт, додајте малку вода додека блендирате, а доколку сакате овошје, додајте две урми.

Потоа, може да сi играте со вкусовите, ставете малку цимет или сок од една мандарина. Сервирајте со шумско овошје, мусли или банана.

 

извор: kajgana.com

Коронавирус