вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 129
home Храна и пијалаци

Идеја за ручек: Канелони со мелено месо

Идеја за ручек: Канелони со мелено месо

Предлог што да подготвите за денешниот ручек.

Потребни состојки:

16 канелони

2 лажици рендан пармезан

за фил

80 г кромид

400 г мелено месо

4 лажици масло

2 лажици оригано

80 г пармезан

200 мл павлака за готвење

50 мл вино

за сосот од домати:

400 мл пасиран домат

250 мл вода

1 лажица оригано

1 чили пиперка

2 лажици шеќер

Начин на подготовка:

Кратко пропржете го кромидот. Додајте мелено месо, оригано и динстајте околу 20 минути.

Додајте павлака, вино и рендан пармезан. Промешајте, оставете го филот да се излади и наполните ги канелоните.

Намачкајте ја тавата со масло и прелијте ги канелоните со сосот од домати, а подгответе го на следниот начин: доматите промешајте ги со вода, додајте зачини, исечкана чили пиперка и шеќер.

Прелијте ги канелоните со домати, додајте го ренданиот пармезан, покријте со алуминиумска фолија и печете на 210 степени околу 20 минути.

Коронавирус