сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Идеја за брз ручек: Похувани тортиљи со пилешко и спанаќ

Идеја за брз ручек: Похувани тортиљи со пилешко и спанаќ

Предлог за ручек за сите љубители на мексиканската кујна.

Потребни состојки:

4 тортиљи
200 г пилешко филе
200 г спанаќ
2 чешниња лук
Кумин
Чили
Сол и бибер
2 јајца

Начин на подготовка:

Сварете го спанаќот во солена вода и исцедете го. Исечкајте го пилешкото на коцки и пропржете го на малку масло, додајте сечкан лук, кумин, чини и зачинете, а на крајот додајте и спанаќ.

Извалкајте ги тортиљите во изматени јајца и пропржете ги на тава со малку масло од двете страни. Наполнете ги тортиљите со сос од пилешко и спанаќ и послужете ги топли.

извор: Кајгана

Коронавирус