вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 157
home Храна и пијалаци

И тоа е можно: Јадете леб од кој ќе слабеете

И тоа е можно: Јадете леб од кој ќе слабеете

Доколку сакате да ја доведете вашата линија до перфекција, а сакате да јадете леб, овој рецепт е вистинскиот избор за вас.

Палео лебот се добива со мешање на состојки во блендер и не содржи пченично брашно. Полн е со протеини и здрави масти, а одличен е да се јаде со лесни намази.

Потребни ви се 400 грама индиски ореви, 8 свежи јајца, 1/2 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка сол, 4 лажици кокосово брашно, 50 милилитри вода по потреба.

Сите состојки освен водата ставете ги во блендер. Мешајте додека не добиете глатка смеса.
Обложете калап за печење со хартија и печете во рерна еден час на 180 степени. Кога лебот ќе биде готов, нека остане половина час во калапот за да се излади. Овој леб е полн со протеини и здрави масти.