недела, 22. јули 2018. Вести денес: 15
home Храна и пијалаци

HTCA Академик тренинг центар започнува со обуки

HTCA Академик – првиот тренинг центар креиран за обучување кадри според швајцарски стандарди сертифицирани од страна на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (Schweizerische Hotelfachschule Luzern SHL) денес го најави стартот на обуките за келнери, бармени, рецепционери, персонал за хигиена,  маркетинг во угостителството и соодветните консултантски услуги.
HTCA Академик тренинг центар започнува со обуки

Во присуство на голем број значајни гости  од областа на угостителството, хотелиерството и деловниот свет поврзан со оваа индустрија, овој тренинг центар го објави својот план за идно делување и желбата за подигнување на нивото на квалитет во овој сектор.

Според статистиката од вкупно 700 илјади лица вработени во Македонија, во угостителската и услужната дејност, директно или посредно, се вработени близу 150 илјади лица (Завод за статистика на РМ). Категоријата на вработени во угостителството се води како нејнепостојана категорија на вработени  поради  големиот одлив на овие кадри во странство и предрасудата дека оваа професија е од привремен карактер а не трајна професионална определба.

Во областа на хотелиерството секогаш има недостиг од добри работници, затоа приоритет треба да биде развојот на вработените, кои пак се од суштинско значење за одржување на услугата на високо ниво што ќе резултира со задоволни гости за да може да се задржи конзистентноста и конкурентноста на пазарот. Во двете државни угостителски средни училишта завршуваат само 400 ученици годишно, а факултететите за туризам не обезбедуваат доволно практична обука. Во Македонија се регистрирани вкупно 2433 угостителски објекти  и 510 хотели.  Затоа, во моментов, потребата од центар за обезбедување тренинзи за угостителство е повеќе од потребна. Квалитетот на обуките што ги нуди Тренинг центарот е загарантиран со неговата инволвираност во меѓународните институции, како и со задолжителниот процес на ресертификација на Тренинг центарот на годишно ниво.

Нашата визија е гостопримливоста со која се одликува Македонија да се подигне на ниво на квалитет достоен според највисоките меѓународни стандарди за угостителство – швајцарските стандарди. Квалитетни, меѓународно сертифицирани практични обуки, и сертифицирани обучувачи без сомнеж ќе нѐ доведат до посакуваниот квалитет кој секако е гаранција за успех. Искористете ја можноста да се стекнете со вештини кои ќе ве доведат до посакуваната кариера со пет ѕвезди.
~ изјави Генералната директорка на центарот, г-ѓа Мајда Стошиќ