недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 65
Во живо

29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ

home Храна и пијалаци

Храната која морате да ја јадете ако сте пушач

Храната која морате да ја јадете ако сте пушач

Ако сакате да ги заштитите вашите бели дробови, тогаш единствениот и најлогичен начин е да се откажете од пушењето. Сепак, и самите знаете дека тоа е многу тешка задача. Зависноста од пушењето е една од најтешките, а оние кои се долгогодишни пушачи имаат сериозни проблеми и во повеќето случаи добиваат некој вид на рак.

Сепак, не е сè толку црно. Најновите истражувања покажаа дека има храна која делумно ги отстранува штетните супстанции од телото што се внесуваат преку цигари. Тоа се јаболките, бананите и доматите. Овие три производи покажаа неверојатни антиоксидантни ефекти и ги изненадија докторите.

Лекарите испитувале над 700 пушачи и сите оние кои ги јаделе овие производи имале подобри резултати и поздрави бели дробови. Тие, исто така, откриле дека долгогодишно консумирање на овие производи значително го штити и го чисти телото, особено белите дробови, така што пушачите кои го консумираат се поздрави и поотпорни.

Се разбира, ова не значи дека сите пушачи ќе бидат супер ако ги јадат овие намирници, но ако веќе сте некој што не може да ги остави цигари, тогаш морате да ја јадете оваа храна, бидејќи ќе го продолжи и ќе го подобри вашиот живот.