четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 59
home Храна и пијалаци

Готови за 90 секунди: Рецепт за сочни лепчиња без пченично брашно

Готови за 90 секунди: Рецепт за сочни лепчиња без пченично брашно

Овие кето лепчиња може да ги намачкате со хумус, со намаз од авокадо, со домашен џем или со други омилени состојки.

Потребни состојки:

1 јајце
1 лажица растопен путер или масло
3 лажици бадемово брашно
1/2 лажичка прашок за печиво
прстофат сол

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги сите состојки во еден сад и мешајте додека не добиете смеса без грутки, потоа ставете ги во подмачкани чинии погодни за микробранова печка.

2. Печете ги 90 секунди, а потоа откако малку ќе се изладат, преполовете ги лепчињата. По желба, можете да ги премачкате со путер и да ги пржете во загреана тава или да ги загреете на тостер.

Локални избори 2021